Постигнат таен договор меѓу Германија и Русија?

by Fokus

Според Ројтерс, значителен дел од ЕУ може да здивне кога е во прашање енергетската безбедност, бидејќи по прекинот поради одржување, Гаспром повторно ќе испушта гас преку гасоводот Северен тек 1. Преку тој гасовод, Русија испорачува околу една третина од својот гас до Европската унија.

Со оглед на тоа што германските политичари изјавија дека е сосема реална можноста Русија повеќе да не ја започне испораката на гас преку Северен тек 1, беше пресметано дека енергетската ситуација во ЕУ може да стане драматично лоша, што секако ќе предизвика длабока рецесија во повеќе економии на еврозоната.

Меѓутоа, како што повеќе анонимни извори потврдија за Ројтерс и други големи медиуми дека гасот ќе продолжи, тензиите се намалија, што резултираше со моментален пад од 3 отсто на месечните договори за гас. Русија наводно нема да дозволи Северен тек 1 да работи со полн капацитет од 160 милиони кубни метри гас дневно, но нема да има ниту прекин.

Некои аналитичари толкуваат дека оваа позитивна вест за европската енергетска безбедност можеби е знак за поширок договор во односот Запад-Русија, но невозможно е да се знае што може да значи овој хипотетички договор.

Ако не се работи за долгорочен „таен договор“ меѓу Германија и Русија или ЕУ-Русија, се чини дека европската дипломатија барем успеа да купи уште неколку месеци испорака на гас, пишува Јутарњи.

Поврзани новости