Постигнат напредок во преговорите за примирје во Газа

by Fokus

Во Каиро, постигнат е напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа и има договор за основните точки меѓу сите вклучени страни, објави рано утринава египетскиот државен ТВ канал Ал Кахера њуз, цитирајќи висок египетски извор.

Во неделата и Израел и Хамас испратија тимови во Египет на нови разговори за евентуален прекин на огнот во шестмесечниот конфликт.

Засега нема коментар од Хамас и ниту една од страните на разговорите во Каиро не го потврди извештајот на Ал Кахера, пренесува Ројтерс.

Според Ал Кахера, делегациите на Хамас и Катар го напуштиле Каиро и ќе се вратат во рок од два дена за да ги договорат условите за конечниот договор, додека делегациите од Израел и САД ќе го напуштат египетскиот главен град за неколку часа.

Се додава дека консултациите се во тек во наредните 48 часа.

Хамас во неделата повтори дека неговите барања вклучуваат траен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од Газа, враќање на раселените и размена на палестински затвореници за израелски заложници држени во Газа.

Поврзани новости