Постигнат е конечен текст на мировниот договор меѓу САД и Иран, тврди пакистанскиот премиер

by vlatko 21:17
21:17

Меѓу САД и Иран постигнат е „конечен, договорен текст на мировниот договор“, вели пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Пакистан, кој служеше како медијатор за време на разговорите меѓу двете страни, сега работи на „финализирање на следните чекори“, напиша Шариф во објава на Икс.

Шариф, исто така, го осуди она што го нарече „непрекината кампања на дезинформации што ја водат оние што сакаат да го саботираат мировниот договор“.

„Мирот никогаш не бил толку блиску како што е сега“, додаде тој.

Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и Техеран се на чекор до потпишување мировен договор, додавајќи дека поради ваквата околност ги откажува планираните нови ракетни напади врз Иран.

Слични вести