817
На почетокот на овој месец, Владата го назначи поранешниот премиер Владо Бучковски, за специјален преставник кој ќе ги затоплува односите со Софија.
Таа одлука предизвика низа реакции во македонската јавност, а кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски смета дека тоа е грешка на Владата.
„Го почитувам како професор, но не се согласувам со неговите ставови и избор. Таа одлука е голем лапсус на Владата. Црвенковски не би правел вакви пропусти и ја сфаќам неговата загриженост. Разбирам дека во политиката се потребни луѓе за омекнување на ставови“, рече Димитриевски.