Поставена монтажна амбуланта на Детска-таму ќе се прегледуваат децата кои не се закажани со Мојтермин

by Frosina Fakova
Поставена е монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, како дел од активностите за враќање на редовно работење на дел од клиниките и заштита од евентуално ширење на Ковид-19 кај децата, соопштуваат од Министерството за здравство.
Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем МојТермин. Овие деца досега беа прегледувани во амбулантите во зградата на Детската клиника, но поради актуелната пандемија тие физички ќе бидат дистанцирани од другите пациенти кои се закажани во МојТермин.
-Во новопоставената монтажна општа амбуланта има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите. Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира согласно сите стандарди за безбеден третман на пациентите. Монтажната амбуланта на Детската клиника е донација од Македонски Телеком, соопштуваат од МЗ.
Од Клиниката за детски болести напоменуваат дека децата кои се сомнителни или се со симптоми на Ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Болницата за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника.

Поврзани новости