Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае со месеци, освен ако сам побара да биде вратен

by Fokus

Не се знае колку ќе трае постапката за екстрадиција на Љупчо Плавески во Турција, но од Министерството за правда очекуваат Палевски да ги искористи сите правни механизми и да се жали пред турските органи.

Тоа значи дека постапката може да трае неколку месеци.

Ако турските власти бараат дополнителни документи за екстрадицијата на Палевски, од Правда велат дека ќе одговорат соодветно.

Како што информираат од министерството, Палевски може да се врати брзо во земјава доколку самиот го побара тоа. За барањето за скратена постапка треба да одлучат надлежните власти во Турција, но како што појаснуваат од Правда, за Палевски не очекуваат такво нешто, бидејќи за делата што му се ставаат на товар е предвидена казна доживотен затвор.

Oд турското Министерство за правда вчера стигнало известување дека го примиле барањето за екстрадиција на Палевски, кој е првоосомничен за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, соопштија од Правда.

Поврзани новости