Постапката е чиста и во интерес на Струмица, велат од СДСМ за градежната парцела која завршила кај Вице Заев

by fokus

Христијан Мицкоски целосно е навлезен во промашената матрица на неговиот претходник Никола Груевски, кој слично како и Мицкоски со години неосновано и напразно го обвинуваше Зоран Заев за неговата работа во општина Струмица, соопштуваат од владејачката партија СДСМ, по прес конференцијата на Мицкоски каде обвини дека премиерот како градоначалник на Струмица продал државно градежно земјиште кое завршило во рацете на неговиот брат.

„Во 2014 година, периодот за кој денеска неосновано обвинува Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше целосна контрола врз институциите и доколку постоеше и најмало сомневање за сторен криминал од страна на претседателот Заев и неговото семејство тие веднаш ќе беа процесуирани. Јавноста се уште памети дека во тој период беа правени стотици контроли врз работата на Општина Струмица, дека сите можни институции и инспекции буквално со месеци живееја во Струмица и не успеаја да најдат ништо незаконско“, велат од СДСМ.

Затоа, додаваат од таму, несериозно и неодговорно е Мицкоски денеска после четири години да се обидува да оживува потрошени лажни и наводни афери измислени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е уште една промашена прес-конференција на Мицкоски коja исто како и претходната е целосно разобличена. Залудни се измислените наводи на Мицкоски, постапката е чиста и транспарентна и е во интерес на Oпштина Струмица и економијата. Со денешниот настап, Мицкоски повторно покажа дека е лош актер влезен во филмот на неговиот претходник и исто така лош актер, Никола Груевски“, велат од партијата.

 

Поврзани новости