525
Со највисоки воени почести, во присуство на најблиските членови на семејството, претставници од нашата Амбасада, како и претставници од Министерството за надворешни работи на Германија, денеска од Берлин беа испратени посмртните останки на амбасадорот Рамадан Назифи, кој почина на 3 септември во германскиот главен град.
Како што соопшти МНР, погребот на амбасадорот Назифи ќе се одржи утре, на 7 септември, во 13:30 часот во неговото родно место, Радуше.
Министерството за надворешни работи, во текот на наредната недела ќе организира комеморација, на која ќе се оддаде почит кон ликот и делото на амбасадорот Назифи.