Авионот од Солун во неделата вечерта слета во Ларнака, со телата на Анастасија Адамидо (24) и Кипријанос Папајоану (23).
Посмртните останки на двајца млади од Кипар, кои загинаа во судир на возови во Грција, се вратени дома. И двајцата се идентификувани со помош на ДНК, јавуваат медиумите во Кипар.
Министерот за надворешни работи на Кипар, Константинос Комбос го пречека авионот на аеродромот. Тој рече дека во вакви моменти зборовите не се доволни, додавајќи дека присуството на членовите на кабинетот е „мал знак на поддршка“.
„Кипар е уништен од неописливата трагедија во Грција, неочекуваната загуба на неговите деца и сите жртви кои беа во трагичниот воз. Тагата е голема, неразбирлива“, рече министерот.
Посмртните останки на Кипријанос беа однесени во црквата Петар и Павле, каде во текот на ноќта се одржа литургија. Тој беше погребан во понеделникот, а неговото семејство ги замоли сите да дојдат на погребот облечени во бело. Наместо да купуваат венци, луѓето можат да донираат за црквата.
Неговиот татко, свештеник, го опишал губењето на синот како најлошата ноќна мора во неговиот живот. Имаше шест деца и рече дека секогаш се плашел да не изгуби едно од нив.
„Сега морам да живеам со тоа“, рекол неговиот татко.
И Анастастија беше погребана во понеделникот, во нејзиниот роден град Пафос, а семејствата на жртвите побараа од медиумите да не го снимаат последното збогување со нивните деца.
Откако возовите се судрија со Лариса во вторникот вечерта, нејзиното семејство упати апел за помош бидејќи оттогаш таа не се слушнала со никого. Анастасија била во третиот вагон на патничкиот воз. Нејзиното тело набрзо било идентификувано со помош на ДНК.
Државата ги покри трошоците за погреб на двајца млади луѓе, објавија локалните медиуми.
Анастасија и Кипријанос се меѓу најмалку 57 лица кои загинаа во судир на два воза во текот на ноќта меѓу вторникот и средата во Темпи, Грција.