Последниот масакр во Дејтон е 251 пукотница во САД

by fokus

Во САД за неколку часа се случија два масакри во кои вкупно загинаа околу 30 луѓе, а повредени се десетици.

Во еден часот по полноќ по локално време во американскиот град Дејтон се случи вооружен инцидент во кој загинаа најмалку 10 луѓе. Според американските медиуми се уште не е познат бројот на повредените лица.

Инцидентот се случи само неколку часа откако во Ел Пасо 21-годишно момче уби 20 и повреди 26 луѓе откако отвори оган во продавница на „Волмарт“.

Според „Ју-Ес-Еј Тудеј“ (USA Today) маскрот во Ел Пасо е 250 пукотница што се случила во САД.

Следат некои од најкрвавите вооружени напади извршени во САД:

6 ноември 2017 Во напад врз баптистичката црква во градот Садерленд Спрингс во Тексас убиени се 26 лица, а 20 повредени.

1 октомври 2017 Стивен Педок уби 58 лица за време на концерт во Лас Вегас. Во нападот повредени се 500 лица. Напаѓачот се самоуби при полицискиот упад во хотелската соба од која пукаше врз посетителите на концертот.

12 јуни 2016  Исламистот Омар Матин уби на 49 посетители на геј клуб во градот Орландо во Флорида. Матин беше убиен во престрелка со полицијата.

25 февруари 2016  Седрик Форд уби три лица, а рани 14 во компанијата за одржување на тревници каде што работел во градот Хестон во Канзас.

20 февруари 2016 Шест лица беа убиени во градот Каламазу, во сојузната држава Мичиген. Жртвите беа убиени во станбена зграда, во продавница на автомобили и во ресторан. Адвокатите на осомничениот убиец Џејсон Далтон најавија дека ќе го бранат како душевно пореметена, непресметлива личност.

2 декември 2015 Напаѓачите Сајед Ризван Фарук и неговата сопруга Тафшин Малик убија 14 лица, а повредија 20 во центар за социјална помош во Сан Бернардино, Калифорнија. Двајцата напаѓачи беа убиени во престрелка со полицијата.

1 октомври 2015 Десет студенти и професори беа убиени на колеџот Умпка во Роузбург во сојузната држава Орегон, од страна на студент, кој потоа и самиот беше убиен од полицијата.

17 јуни 2015  Расистот Дилан Руф уби девет лица во методистичка црква во Чарлстон.

23 мај 2014  Студент уби шест лица, а 13 беа ранети при напад врз универзитетот Санта Барбара во Калифорнија. Тој по нападот се самоуби.

16 септември 2013 Компјутерскиот техничар Арон Алексис уби 12 лица во зграда на американската воена морнарица.

14 декември 2012 Во основното училиште Сенди Хук во Њутаун во сојузната држава Конектикат убиени се 20 деца и шест учители. Напаѓачот боледувал од депресија.

27 септември 2012 Отпуштен работник во компанијата Аксент во Минеаполис убил шест поранешни колеги, по што се самоубил.

20 јули 2012 Маж со нарушено психичко здравје уби 12 лица, а повреди 70 во кино сала во градот Аурора во Колорадо, за време на премиерата на новиот Бетмен филм.

Поврзани новости