Последниот ден од октомври со пролетни температури, до +26 степени Целзиусови

by Fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува.

Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има локален дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје и во околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови.

Утре кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање.

Поврзани новости