Последниот ден на Груевски како пратеник, неговата оставка на дневен ред во Собрание

by fokus

На денешната собраниска седница закажана за во 11 часот, се очекува Никола Груевски да го изгуби својот пратенички мандат. Сѐ уште не е познато дали мандатот ќе му се одземе со гласање или пак собранискиот спикер Талат Џафери само ќе му ја констатира оставката.

Пратениците од власта сметаат дека Џафери треба да постапи согласно Деловникот и Изборниот законик и бидејќи Груевски не е лично присутен, да го стави на расправа заклучокот од комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања која препорача одземање на мандатот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повтори дека тие ќе гласаат ЗА одземање на мандатот, доколку се донесе одлука да се гласа.

Груевски ќе остане без својот мандат бидејќи неоправдано отсуствува од работа повеќе од шест месеци.

Поврзани новости