Последниот американски војник што го напушти Авганистан

by Fokus

Генерал-мајор на американската армија Крис Донахју синоќа се качи на товарен авион Ц-17 на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, и со неговите последни чекори на тлото на Авганистан, заврши дваесетгодишната американска војна.

Донахју е командант на 82 -та воздушна дивизија, XVIII воздухопловен корпус.

Заминувањето на американските војници од Авганистан го означува конечниот крај на воената мисија, која започна набргу по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Во текот на тие речиси 20 години, повеќе од 800.000 американски војници беа испратени во Авганистан, а 2.461 од нив беа убиени, додека 20.000 беа ранети.

Меѓу убиените се и 13 американски војници кои беа убиени во самоубиствен напад на аеродромот во Кабул минатиот четврток.

Поврзани новости