Последни подготовки пред Сугарески да го сефтоса барокот на Министерството за транспорт

by fokus

Министерството за транспорт и врски го финализира опремувањето на новата барокна зграда која се наоѓа на плоштадот „Филип Втори“, помеѓу Камени мост и почетокот на Скопската чаршија. Реконструкцијата на овој објект ја започна екс министерот, Миле Јанакиески, траеше за време на на Владо Мисајловски, а ќе ја сефтоса министерот на СДСМ, Горан Сугарески.

Градежните работи до сега ја чинеа државата околу 5 милиони евра. Интервенцијата опфати промена на фасадата од модернистичка во барокна, со скулптури, релјефи и столбови, како и надградба на објектот.

Министерството за транспорт и врски склучи анекс договор со градежната компанија „Бетон“-Скопје за опремување на зградата со противпожарни апарати и за климатизирање на просториите. Овој договор ќе ги зголеми трошоците за уште 30.000 евра.

Реконструкцијата на објектот требаше да биде готова до 2013 година, но доцни поради проблеми со статиката.

 

Поврзани новости