Верници веќе почнаа да се собираат пред платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје каде од 18 часот, почнува собирот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција
Таму веќе се поставени повеќе видеобимови преку кои граѓаните ќе може да ги проследат говорите, а граѓани од цела држава со автобуси се упатени кон центарот на Скопје.
Околу Соборниот храм присутна е полицијата, а на платото се распоредуваат припадници на приватно обезбедување.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, поради одржување протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Почнувајќи од 17 часот, па сѐ до завршување на протестот, за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: булеварот Партизански одреди со булеварот ВМРО во правец кон Карпош, билеварот Партизански одреди со улицата Франлкин Рузвелт во правец кон Центар, булеварот Илинден со билеварот Св. Климент Охридски во правец кон Соборниот храм и булеварот Св. Климент Охридски со улицата Димитрије Чупоски во правец кон Соборниот храм.