Останува само еден ден до историските избори во Америка, кои во голема мера ќе ја одлучат иднината на светот.
Трамп е во Ридинг, Пенсилванија, на неговиот втор од четирите предизборни собири планирани за денеска.
„5 ноември 2024 година ќе биде Ден на американското ослободување. На првиот ден ќе ја започнам најголемата програма за криминална депортација во американската историја. Ќе ги истераме“, рече тој.
По овој митинг, Трамп ќе оди во Питсбург, а потоа во Гранд Рапидс, Мичиген.
Доналд Трамп изјави во Пенсилванија дека републиканците имаат „огромна предност“ пред демократите и Камала Харис во анкетите.
„Ти си најнеспособниот потпретседател што некогаш сме го имале. А Џо Бајден беше најлошиот претседател во историјата на нашата земја. Камала, ти си отпуштена“, рече Трамп. Тој вели дека утре е „најважниот политички настан во историјата на земјата“.
Во Скрентон, Пенсилванија, Камала Харис ги повика поддржувачите да „уживаат во моментот“ и да тропаат на вратите на соседите „дури и ако не сте ги сретнале“.
„Ви благодарам на сите што одвоивте време од вашите зафатени животи“, рече таа.
„Има многу работи што секој од вас би можел да ги прави во моментов, но вие сте тука, и сите ние сме заедно под овој покрив како заедница на луѓе кои се грижат и се посветени на напорна работа. Сакам да кажам дека кога сакаш нешто, се бориш за тоа“.
Исто како што направи за време на нејзиниот митинг во Мичиген вчера, Харис ниту еднаш не го спомна Доналд Трамп по име за време на нејзиниот говор.
Клучни информации:
Повеќе од 78 милиони луѓе гласаа пред денот на изборите во САД
Трката се уште е речиси изедначена. Камала Харис има 0,8% водство на национално ниво
Доналд Трамп и Камала Харис денеска ги испраќаат своите последни пораки и посетуваат неколку т.н винг држави, во кои победникот е неизвесен и се очекува да одлучи за изборите
Трамп повторно изнесе тврдења за изборна измама во Пенсилванија без никакви докази. Противниците го обвинуваат дека ги користи своите митинзи за да предизвика сомнеж за изборниот процес
На еден од завршните митинзи, Камала Харис вети дека ќе „направи се што е во нејзина моќ за да стави крај на војната во Газа. Таа не го спомна Трамп
Трамп повика на смртна казна за „секој имигрант кој ќе убие Американец“