Вкупниот број заболени од Ковид-19 бележи пораст за 37,6 отсто во однос на претходната недела, но, и за 35 отсто се зголемил бројот на починати, покажува најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 27 декември до 2 јануари.
Во текот на мината недела вкупно се пријавени 133 реинфекции, што е за три пати повеќе во однос на претходната недела.
Најголем дел од заболените се на возраст од 30-39 години со што оваа категорија е најмногубројна, или 23,4%, а најмал е бројот на заразени меѓу децата од 0 до 9 години, односно 2,8 проценти.
Зголемување на бројот на заболени има кај сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група од 20 до 29 години каде зголемувањето е за два пати и возрасната група од 30 до 39 години со зголемување за 55,7 проценти во однос на претходната недела.
За 20,2 отсто во однос на минатата недела има намалување на бројот на хоспитализирани лица, од кои 151 се на кислородна поддршка што е 17,9 проценти помалку во споредба со претходна недела.