ПОСЛЕДНА СРЕДБА ПА ОДМОР: Денеска за изборните закони, во август за обвинителот!

by Фокус

Работните групи денеска ќе одржат последна средба по што заминуваат на одмор.

Се очекува денеска да се расправа за пакетот на изборни закони, при што клучно место заземаат гласањето на дијаспората, начинот на чистење на избирачкиот список како и тоа дали ќе има промена на изборните единици.

Малите партии бараат Македонија да биде една изборна единица. Тие веќе одржаа состанок на којшто договорија и официјално да го упатат своето барање.

Во однос на дијаспората се очекува решение еден човек = еден глас, иако ВМРО ДПМНЕ сака да остане сегашниот модел, но тоа е речиси невозможно откако и ДУИ побара дијаспората да не гласа.

Вчера немаш решени за специјалниот обвинител, но се гледа намерата на ЕУ во овој дел да нема импровизации ниту отстапки. Тие го пратија претседателот на Меѓународната асоцијација на обвинители, Џејмс Хамилтон, кој беше и дел од тимот на Европската Комисија предвоен од Рајнхард Прибе, кој го подготви експертскиот извештај за Македонија.

Овој обвинител ќе има многу работа, пред се да открие кој и како прислушувал, а потоа да ги истражи и содржините од прислушуваните материјали.

Поврзани новости