Жителите од поплавените подрачја, штетите ќе можат да ги пријават до овој петок, соопшти денеска Владата.
– Краен рок за пријавување на настанатите штети, односно на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, е петок (2 септември 2016 година) заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот- стои во владиното соопштение.
Сите оние кои досега не ги пријавиле штетите тоа ќе може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово.