Последен ден за барања за поддршка на фирмите што инвестираа во пандемија

by Fokus

Рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост-ковид периодот што е наменет за компаниите што инвестирале за време на пандемијата со коронавирусот Ковид-19 истекува денеска.

Со повикот, кој е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на економијата од последиците предизвикани од пандемијата, државата предвидува финансиска поддршка од вкупно 20 милиони евра за сите компании кои годинава и покрај пандемијата и економската криза продолжија да работат и да инвестираат во раст и развој на својот бизнис.

Јавниот повик беше објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 12 јуни 2020 година и досега се пристигнати над 300 барања од компании.

Поврзани новости