1K
По реновирањето и отворањето читална за затворениците во затворот во Тетово, од денеска тие добија и базен за капење и рекреација.
Според директорот Ќефали Хавзиу, станува збор за мерки поврзани со програмата за лекување и ресоцијализација на затворениците и тоа преку разни спортски организации, библиотеки, кино, а од денеска и преку летен базен.
Од канцеларијата на Народниот правобранител неодамна објавија дека тетовскиот затвор важи за најдобро средена казнена установа во земјава.