545
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување.
Па така, дизелот поскапува за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар.
Поскапување ќе има и кај бензините за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денари.
Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.