Зголемувањето на цената од 1,5 денари на Еуросупер БС 95 октани, а по еден денар за Еуросупер БС 98, дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство започнува да се применува од вечерва на полноќ.
Намалување на цената има само кај мазутот од 0,426 денари за килограм, одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Новите малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,285 (денари/килограм)
Вкупното зголемување на нафтените деривати е 1 процент, што се должи на зголемување на цените на референтните светски пазари.