525
Од ноќеска на полноќ поскапуваат цените на бензините и дизел-горивото, одлучи Регулаторната комисија.
Цената на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува за два денари, а цените на „евросупер БС-98“ и дизелот се зголемуваат 1,50 денар. Ќе поскапи мазутот, што ќе се продава по 28,038 денари за килограм.
Како што информираат од Регулаторната комисија, новите повисоки цени на бензините се должат на повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период.