Oд ноќеска на полноќ се намалува цената на дизелот за половина денар, а за еден денар се зголемува цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто.
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59%.
Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,352 (денари/килограм)