Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 92,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 94,5 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 99, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 93 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 50,067 денари за килограм.
ОД РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка кај бензините бележат зголемување во просек за 1,028 отсто, кај дизелот има намалување за 0,871, кај екстра лесното масло намалување за 0,611, а кај мазутот намалувањето е за 0,147 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,25 отсто.