Поскап дизел од полноќ

by Fokus

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од претходната недела.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,854%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,754% или за 34,350 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,019% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,315%. Поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,588 %.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, Мазутот М-1 НС и Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од ноќеска на полноќ  максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:  литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 80 денари,  82 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС – 98, 72,50 денари литар ќе чини ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).
Маслото за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава 70,00 денари за литар, а  мазут М-1 НС – 41,784 денари/за килограм.

Поврзани новости