530
Хрватската сеизмолошка служба објави дека денес во 12:56 часот е регистриран прилично силен земјотрес со јачина од 4,2 степени на северот на Јадранот, покрај италијанскиот брег, во близина на Равена.
Земјотресот бил почувствуван и во Истра.
Јачината на земјотресот бил 4,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил V-VI според скалата ЕМС.