Поштенска марка по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески

by Fokus

По повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска ќе промовира пригодна поштенска марка.

На промоцијата, која ќе се одржи во дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија“ – шалтер сала, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за култура Ирена Стефоска, генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов.

Настанот е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.

Поврзани новости