465
АД „Пошта на Северна Македонија“ соопшти дека поради одржување и надградување, со цел подобрување на работењето, компјутерскиот систем во единиците на поштенската мрежа работел со намален капацитет и брзина, но во ниту еден момент немало прекин во доставата на поштенски пратки.
„Продолжуваме посветено да работиме во интерес на нашите корисници. Ви благодариме на поддршката и разбирањето и искрено се надеваме дека во полн капацитет ќе ги користите услугите на АД „Пошта на Северна Македонија“, се наведува во соопштенијата.