АД Пошта ги прави последните подготовки пред повторно враќање на платниот промет од први март. Директорот Јани Макрадули во изјава за Фокус вели дека финалните подготовки успешно се комплетираат и очекува дека се’ ќе започне според предвидениот термин и план.
-АД „Пошта на Северна Македонија” од 1 март повторно станува најголемиот партнер на граѓаните во платниот промет. Изборот на Халк банка за наш партнер беше со цел да имаме најмала провизија за нашите коминтенти при плаќањето на сметките и тоа на над 300 точки низ целата држава. Ваквата понуда и широка мрежа и во најодалечените места ја има само Пошта како универзален давател на услуги.
Секоја недела заедно со мојот тим сме во обиколка на поштенските единици, со цел да ги согледаме условите на теренот со цел непречено отпочнување и реализација на платниот промет преку Пошта, вели Макрадули.
Што се однесува до висината на провизија за плаќање сметки, тој вели дека во моментов се работи на утврдување на висината, но таа ќе биде во интерес на граѓаните, односно најповолна споредено со другите банкарски провизии за плаќање на сметки.
К.С.Б.