Пошта нема пари за плати, а вработува нови административци

by fokus

Синдикатот на Македонска пошта бара генералниот директор да ја преиспита и стопира одлуката за распишување јавен оглас за вработување на 31 административен работник  поради, имајќи ја во предвид, како што соопштуваат „лошата финансиска состојба со која се доведуваме во ризик за обезбедување  редовна плата за постоечките работници“.

-Во овие моменти на сериозна финансиска криза на друштвото, кога вработените во Пошта стравуваат за зачувување на своите работни места и егзистенција на своите семејства, предизвикани од лошата финансиска состојба на Друштвото како последица на намалените приходи и проблемите со кои се соочуваме во организација на работењето, генералниот директор на Пошта на РСМ распишува јавен оглас за нови вработувања во администрација објавен во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ во изданијата од 16.02.2023, велат во соопштение од Синдикатот на Македонска пошта.

Оттаму потенцираат  дека од ден на ден загриженоста и неизвесноста кај вработените е се поголема, особено, како што потенцираат, неизвесноста за редовна исплата на плата во законски рок во нареден период- месеци, а дополнително загрижува фактот што доцни и исплатата на платата за јануари 2023 година во предвидениот законски рок до 15-ти во месецот.

– И покрај тоа се распишува оглас за нови вработувања и тоа во админстрација каде што има превработеност а  тие работни места може да се пополнат со внатрешно прераспоредување. Сето ова е крајно несериозно и дополнително ја загрозува иднината и егзистенцијата на над 2000 вработени, посочува Синдикатот.

И во оваа состојба на криза и неизвесност на Друштвото, дополнуваат,не би биле против за нови вработувања доколку  се во согласност со реалните потреби на Друштвото, а се однесуваат за пополнување испразнети работни места од технолошкиот процес кои ќе допринесат поголема ефикасност и продуктивност во насока на стабилизација и зголемување на приходите на друштвото а со тоа подобрување на услугата кон граѓаните.

Поврзани новости