Посетител на ноќен клуб во Швајцарија позитивен на корона, стави во карантин триста луѓе

by Frosina Fakova

Во Швајцарија, 300 лица биле ставени во карантин по избувнувањето на зараза со новиот корона вирус во ноќен клуб во Цирих, соопштија тамошните власти.

Маж кој бил во клубот Фламинго пред една недела, во четвртокот се тестирал и бил позитивен на Ковид-19, а пет лица кои биле со него во тоа време исто така се тестирани позитивни во петокот.

Преку списокот на посетители што го обезбеди клубот, властите контактирале со други луѓе кои биле присутни и им наредиле да останат во карантин 10 дена во обид да спречат понатамошно ширење на инфекцијата сè додека сите не бидат тестирани.

Швајцарските власти велат дека инцидентот покажува колку е важно придржувањето кон регулативите за хигиена и социјално растојание бидејќи мерките воведени од владите сега се олабавуваат.

Поврзани новости