пишува Кирил ЕФРЕМОВСКИ
Оваа година ќе заврши слично како што и почна. Тензично, напорно, со постојани удари под појасот меѓу политичките противници. Медиумската пресметка меѓу Груевски и Заев ќе се вжештува уште повеќе. И покрај донесената законска регулатива која спречува партиско релкамирање во медиумите, ние доправа ќе бидеме сведоци на голема пропагандна војна, која и овој пат најмногу ќе се води преку телевизиите, но „боевите глави“ од таа медиумската пресметка на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ, ќе бидат испукани преку социјалните мрежи и интернет порталите.
Ако до сега болументата од провладини медиуми првенствено ги бранеа и величеа политиките на Греуевски и власта, во следниот период мегафоните на владината пропагандата ќе продолжат со поголем и поинтензивен напад кон опозицијата и нејзиниото лидерство, но и кон сите што имаат поинаков став и критичко мислење од нивното. Не дека во овие десет години беше поинаку и не се изнаслушавме најгнасни епитети и метафори, сведочевме за разни Шиндлерови листи, напади, бетонски плочи, непријатели и сороспии, но верувајте во неделите и месеците пред нас пизмата на пропагндата без било каква контрола на јавниот говор и јазикот, ќе ги употребува најгнасните и најодвратните зборови што воопшто може да претпоставите дека ќе бидат изговорирени од политичари и јавни личности, а како финална пресметка со сите непријатели. Ќе следуваат многу нови монтировки од најдолен вид, афери и измислици за тотално расклинкување на сите противници.
Таквата пресметка, во одредена смисла, веќе започна пред неколку дена. Кога премиер на една држава, која се декларира за демократска, па макар бил и се викал и Никола Груевски изјавува дека „ќе следува осма рунда, трпението ни се ближи кон крајот, а неговиот политички противник го преминал дури и дното“, најмалку што треба е сите да бидеме исклучително загрижени за тоа што се’ планира да прави Никола Груевски и неговата партија во периодот што следува. И преку таа својата последна писмена изјава Груевски недвосмислено потврдува дека крвнички ќе се бори до крај ( и после 16 јануари) и барем засега не му паѓа на памет да прифати одредено одложување на изборите во април, ниту пак навремено спроведување на останитете точки од Договорот во Пржино, со цел создавање на предуслови за спроведување на фер избори. Всушност, во целата оваа неизвесност и тензичност, најочигледно е дека никој нема абер целосно да се држи до принципите и ги почитува роковите, кои самите си ги задале. Ниту, пак, реално се работи на овозможување на предуслови за фер избори. А во создавањето на тие предуслови, најповикан се разбира е Никола Груевски, но сериозна улога има и Заев и опозицијата. Периодов ниту едниот, ниту другиот освен меѓусебните валкани напади со ништо не придонесуваат во создавањето на бараните предуслови и затоа очигледно е дека следната посета на „шумарот“ мора да се случи веднаш по Божиќните празници, а не кон средината на јануари како што се најавува.
Медиуската војна и при нај фер услови ќе трае многу долго
Во насока на делумно олабавување на таквата медиумска атмосфера и натамошно спроведување на одредбите од пржинскиот Договор, а ако претпоставиме дека такви потези не можеме да очекувме од Груевски, тогаш СДСМ и Заев треба час поскоро да ја предадат целокупната датотека и се што имаат од прислушуваните разговори и материјали на Специјалното јавно обвинителство. На тој начин Заев, без да толкува дали Катица има капацитет да чува приватни податоци и доверливи информации, ќе спречи истите тие податоци и информации, но во форма на монтировки и некакви нови фабрики, да не му се одбијат од глава во пропагандната војна, бидејќи другата страна се уште е главен сопственик на „бункерот“, и спречи подоцна да го обвинува него дека тој и СДСМ ја распродаваат нашата приватност каде и да стигнат. Ќе биде многу симптоматично како снимки од ПИМ мерки и разни други доверливи и приватни информации за разни истраги ќе завршуваат кај привладините веб портали, откако СДСМ ќе ја предаде архивата. Од друга страна, со таквиот чекор и навременото предавање на сите тие материјали на Јанева, Зоран Заев може само дополнително да поентира пред меѓународниот фактор дека ги почитува роковите и спроведување на пржинскиот Договор, не го крши Законот, го почитува сопствениот потпис, а понатаму си создаде доволно алиби при евентуалните барања за одложување на изборите, бидејќи ниедна од обврските од договорот од Пржино не е завршена до крај, а време скоро и да нема.
Затоа предупредувањето во последниот Извештај на ОБСЕ дека нема време за фер избори, може да биде од полза на Хан, кој во услови кога се констатира загриженост од немањето на доволно консултации во процесот и оти краткорочната рамка пред изборите може негативно да се одрази врз начинот на кој сите инволвирани страни во процесот ги толкуваат овие одребди, ќе претставува доволен аргумент за него како патрон и гарантор на Договорот да побара одложување на изборите, не затоа што СДСМ не е спремен и се плаши од пораз, како што би рекле од ДПМНЕ, туку поради несоздадените услови и недонесените клучни законски измени, а пред се непроменетата медиумска слика и непрочистениот Избирачки список.
И при таквиот можен развој на настаните, лошата вест поврзана со одложување на изборите е што медиуската војна и при нај фер услови ќе трае многу долго и ќе биде се понапорна и гнасна за читање и гледање на Интернет. Добрата вест, пак, е што евентуалното оддложување на изборите барем колку – толку ќе значи одредено исполнување на итните реформски приоритети, и сериозни напори за создавање на амосфера и предуслови за оддржување подоцнежни фер и чесни избори.
Според онаа старата „секое лошо е за добро“, сите ние ќе треба да смогнеме сили и го преживееме и тој период, но без многу руска салата и кифли, се разбира ако годинава имаме пари и за нив.