Посетата на Фон дер Лајен на Западен Балкан ја покажува важноста што му се придава на проширувањето на ЕУ, порачаа од Брисел

by Fokus

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Западен Балкан е показател за тоа колкаво значење ЕУ му придава на процесот на проширување, изјави портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро.

– Посетата јасно покажува колкаво значење му придаваме на процесот на проширување, особено кога станува збор за Западен Балкан. Ова е главниот приоритет на Комисијата од почетокот на овој мандат – рече Писонеро на брифинг со новинарите во Брисел.

Таа додаде дека се работи и на предлог поврзан со планот за економски раст на земјите од Западен Балкан со цел да се доближат до единствениот пазар на Европската унија.

Одговарајќи на новинарско прашање за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Писонеро рече дека Европската комисија целосно ги поддржува напорите на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Кога станува збор за настаните во Бањска, на 24 септември, портпаролката на Европската комисија рече дека истрагите се во тек и дека се уште се чекаат нивните резултати.

Поврзани новости