Посебен сообраќаен режим во Скопје до среда

by fokus

Министерството за внатрешни работи известува дека од денеска до среда ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјалната посета на претседателот на Албанија Илир Мета.

Мерки за посебен режим ќе има на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

Поврзани новости