Фон дер Лајен в четврток во Скопје, поради што ќе има посебен сообраќаен режим во градот

by Fokus

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 24.10.2024 (четврток) поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Поврзани новости