393
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на утре (петок) во периодот од 11.00 до 14.30 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје поради одржување на два најавени протести.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат протестите.