Посебен протокол за влез и излез од државата во услови на полициски час, информира МВР

by Fokus

За време на претстојниот 80-часовен карантин за одредени градови како и забраната за движење во дел од градовите полицијата изготви посебен протокол за влез и излез од државата.

„Граѓаните што ќе влезат во државата со валиден и негативен PCR тест, ќе може да се преземат од граничните премини, а лицата што ќе ги преземат, претходно ќе треба да го пријават тоа на 192 каде што ќе ги остават податоците. Исто важи и за граѓаните што треба да ја напуштат земјата (со валидна документација, т.е авионски билети), односно лицата што ќе ги превезуваат треба претходно да се пријават на 192“, информираа од МВР.

 

Поврзани новости