Посакувам Зоран Заев да го добие референдумот, порача Ципрас

by fokus 09:14
09:14

Желба, надеж и поддршка за Зоран Заев да го добие референдумот, уште еднаш изрази грчкиот премиер Алексис Ципрас, овој пат во интервју за сервисот на грчки јазик на „Euronews“.

– Посакувам и се надевам дека овој договор ќе оди напред. Посакувам, се надевам и ги поддржувам напорите на Зоран Заев да го добие референдумот. И секако, потоа, уште потешкиот обид да најде 2/3 во Собранието, во неговиот парламент за да ја ратификува уставната промена. Ова е голема шанса за Грција, голема шанса за регионот. Решава проблем што постои со децении и според моето мислење го решава на позитивен начин за земјата, вели грчкиот премиер во интервјуто за „Euronews“ на грчки јазик.

- Advertisements -

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас вели дека решението меѓу двете земји ќе добие апсолутно мнозинство во грчкиот парламент и објаснува дека Договорот од Преспа, ќе дојде во парламентот, онака како што е одредено во самиот договор „кога другата страна ќе го финализира процесот на уставна ревизија и секако кога ќе се состави протоколот за интеграција во НАТО“, за Грција да може да го ратификува и протоколот за членство на Македонија во Северно -атлантскиот сојуз.

– Овој договор ќе добие апсолутно мнозинство во грчкиот парламент. Ја почитувам и не се согласувам со позицијата на мојот коалиционен партнер, со кој имам чесна и искрена соработка и сум сигурен дека ќе ги задржи неговите принципи, така како што самиот верува, но нема да го наруши непречениот тек на земјата кон економско закрепнување и политичка стабилност, објаснува Ципрас во однос на позицијата на Независни Грци и Панос Каменос.

Поврзани новости