450
Португалската фудбалска репрезентација е победник во првото издание на Лигата на нации. Португалците вечерва во Порто во финалето ја совладаа Холандија со 1:0.
Стрелец на единствениот гол на „Драгао“ беше Гонсало Гуедеш во 60.минута.
Третото место им припадна на фудбалерите на Англија кои денеска ја победија Швајцарија по изведување на пенали со 6:5.