Портпаролот на израелската Влада: Блиску сме до договор за заложниците со Хамас

by Fokus

Израелската влада се надева на брз заклучок на индиректните преговори со Хамас за ослободување на заложниците во Појасот Газа и ослободување на палестинските затвореници кои ги држеше Израел, изјави владиниот портпарол.

– Навистина се надеваме дека наскоро ќе можеме да објавиме добри вести. Блиску сме, но сè уште не на крајот, рече тој.

Тој укажа на важен напредок во последните недели, а особено во изминатите денови, при што Хамас покажа поголема сериозност од претходно. Разговорите во Доха беа во „критичен временски интервал“, рече тој.

Портпаролот рече дека условите се промениле во корист на Израел по убиството на лидерот на Хамас Јахја ал Синвар на 16 октомври во Појасот Газа, заедно со слабеењето на иранската оска во регионот.

Поврзани новости