272
Адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, потврди дека во моментов нема дополнителни закани против Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен.
– Жителите биле известени дека можат да ги напуштат прифатилиштата. За време на одбраната направивме многу пресретнувања. Има одредени последици во централниот и јужниот дел на земјата“, рече тој.
„Во оваа фаза се уште го проценуваме нападот, но немаме информации за жртви“, додаде тој.
Тој најави како Израел ќе одговори на ирански ракетен напад.
„Ние сме во состојба на зголемена одбранбена и офанзивна подготвеност, ќе ги заштитиме граѓаните на Израел. Овој напад ќе има последици. Имаме планови, ќе дејствуваме во времето и местото што ќе го избереме“, истакна тој.