Потпретседателот на БЕСА, Кастриот Реџепи за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ смета дека коалицијата со СДСМ ќе биде инспирација за Албанците да излезат на избори.
-Во првата фаза, нас не интересира да ги дефинираме принципите и програмските определби, а нај незначаен дела се позициите на пратеничките листи. Во моментов сè уште се синхронизира програмата и мислам дека кон крајов на неделава ќе има и конкретни работи околу позиционирањето. Но мислам дека во секој случај ќе имаме многу повеќе мандати отколку во некоја друга комбинација. Околу излезноста – сметам дека ќе има излезност, бидејќи за прв пат се создава партнерска коалиција, порано сме имале пост изборни коалиции каде не сме знаеле врз кој основ се направени. Оваа коалиција дава гаранција и на Албанците дека ќе имаат политички субјект кој ќе гарантира исполнување на нивните барања и ќе биде инспирација за излегување на избори. Со оваа коалиција се надзира и промената во албанскиот блок- вели Реџепи.