Руски суд денеска ја осуди Кира Јармиш, портпаролка на рускиот опозиционер, Алексеј Навални, на 1,5 година ограничено движење заради организирање протести за време на епидемијата на корона вирусот.
Јармиш (31) во јануари беше обвинета за учество во организирањето собири за поддршка на Навални, кога тој беше уапсен по неговото враќање од лекување во Германија во Русија.
Тимот на Навални на Твитер соопшти дека Јармиш е прогласена за виновна за „поттикнување прекршување на мерките против корона вирусот“.
Таа од февруари се наоѓа во домашен притвор и според одлуката на судот следната 1,5 година ќе и биде забрането да ја напушта Москва или да учествува на јавни настани.
Навални (45) минатата година се лечеше во Германија од труење со нервниот агенс „Новичок“и беше уапсен во јануари, откако се врати во Русија. Тој во моментов издржува затворска казна од две и пол години.