Портофино, богат крајбрежен град на југот на земјата, ќе стане првиот град во Италија кој ќе именува улица по долгогодишниот премиер Силвио Берлускони, кој почина во јуни, откако властите ја донесоа одлуката преку забрзана постапка.
Во Италија обично мора да поминат 10 години по нечија смрт пред некој да добие таква чест, но во овој случај беше направен исклучок затоа што Берлускони беше оценет како еден од „луѓето кои особено и служеле на нацијата“, пишува весникот „Секоло 19“.
Улицата треба да биде преименувана на 14 октомври, неколку недели откако Берлускони ќе наполнеше 87 години.
Градоначалникот на Портофино, Матео Виакава, рече дека по овој повод ќе се одржи мала церемонија во договор со семејството, а особено со Пјер Силвио Берлускони, кој ја води семејната медиумска компанија „MFE“.
Избраната улица е пешачка, а по неа прошета и Силвио Берлускони кога ја посети својата вила во овој град.
Тој имот сега е во сопственост на модната групација „Долче и Габана“.