Порталите кои се истражуваат демантираат дека ги плаќало ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Рекламирањето на нашите портали најчесто го нарачуваат компании, маркетинг агенции и други институции. Конкретната нарачка за предизборното политичко рекламирање беше направена од страна на агенцијата „Глобал нет“ ДООЕЛ, реагираат порталите од групација, biznisvesti.mk, lady.mk, gradina.mk и ekran.mk коишто беа споменати дека се дел од предистрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и ги демантираат наводите за било каква злоупотреба.

– Притоа нарачаната сума беше и се реализираше во износ од 400 евра по сајт, што е далеку пониска од сумите кои се спомнуваат во медиумите. Доколку е потребно спремни сме фактурите да ги дадеме на увид на јавноста. Би сакале да потенцираме дека кампањата како и секоја друга, беше спроведена максимално професионално од наша страна, со остварување и надфрлување на сите нарачани импресии, а извештаите за реализацијата за секој портал се уредно доставени до нарачателот. Во оваа прилика би салаке да ги демантираме и натписите дека нашите портали се формирани непосредно пред изборите. Станува збор за професионални тематски сајтови со долгогодишно искуство, формирани уште во далечната 2011 година, со уредно и транспарентно објавени ценовници, имресум и контакти, се вели во реакцијата.

Поврзани новости