617
Еден од десетмината повредени во синоќешната престрелка во тетовското кафуле „Баркод“, во кој еден го загуби животот, бил и синот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, објави Порталб.
Како што соопштија од тетовската полиција, се уште го испитуваат мотивот за инцидентот, во кој загина напаѓачот – 22 годишниот Алтрим од тетовското село Порој.
Од Клиничкиот центар во Тетово, пак, информираа дека лекарска помош синоќа побарале 11 лица, од кои 6 имале повреди директно од огнено оружје, а 5 од други средства, при што веќе починатито бил испратен во Скопје, каде им подлегнал на повредите.
Од кафулето „Баркод“ изразија жалење и осуда за настанот.