Порошенко: Очекуваме покана за НАТО!

by Fokus

Петро Порошенко – екс претседателот на Украина вели дека неговата земја „очекува покана“ за НАТО и сака „безбедносни гаранции“.

-Очекуваме покана, а членство, се уште. Затоа што треба да работиме многу со реформи, со градење… со зајакнување на нашиот безбедносен механизам…, но во исто време сакаме безбедносни гаранции – изјави Порошенко за „Скај њуз“.

Тој додаде дека „разбира дека сега не е реално“ за полноправно членство, но рече дека на неговата земја и треба датум кога треба да се исполнат условите.

Потенцијалното членство на Украина во Алијансата беше во центарот на разговорите на дводневниот самит на НАТО во Литванија.

Поврзани новости