Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека американскиот претседател Џо Бајден треба да ја посети Украина додека е во Европа на самитот на НАТО во Брисел следната недела.
-Зошто не – мој многу добар пријател, многу добар пријател на Украина, Џо Бајден, лидерот на глобалниот свет, кој сега го демонстрира лидерството – зошто не дојде да нe` посети овде следната недела како симбол на неговата солидарност ?” Порошенко, облечен во воен елек и опкружен со војници во Киев, изјави тој.
-Тоа би бил исклучително широк чекор за демонстрација дека целиот свет е заедно со нас против Русија, додаде Порошенко.
Претседателот на САД ќе отпатува во Брисел, Белгија, за да учествува на самитот на НАТО на 24 март, а исто така ќе се приклучи на состанокот на Европскиот совет, соопшти Белата куќа.
Бајден „ќе разговара за тековните напори за одвраќање и одбрана“, за време на самитот на НАТО и ќе ја потврди посветеноста на САД кон своите сојузници во НАТО, изјави во вторникот портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
-Тој, исто така, ќе се приклучи на закажаниот самит на Европскиот совет за да разговара за нашата заедничка загриженост за Украина, вклучително и трансатлантските напори за наметнување економски санкции на Русија, обезбедување хуманитарна поддршка за погодените од насилството и решавање на други предизвици поврзани со конфликтот,кажа Псаки.
Порошенко, исто така, го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд манијак“ и рече дека Украинците имаат „единство отпорно на куршуми“.